Macedonia
::Online::


::Mojot baner::
BannerFans.com
Barsa
sad
Create your own banner at mybannermaker.com!
Blog
srijeda, lipanj 10, 2009
Ako vi se dopagja blogot kliknete dolu na banerot i glasajte!!!

               ↓

 TopMKD - Ранг листа на македонски веб сајтови
ace-simonesoccer @ 13:03 |Komentiraj | Komentari: 19 | Prikaži komentare
::Chat::

Koj saka tipovi gore kliknete na Tipovi $
Svi koji: Prodaju Dojave, Reklamiraju, Vredjaju ili Psuju dobice BAN-FOREVER


MSN-r_cattivo@hotmail.com

                ↓




BARCELONA
eto-ibrahimovic-0806
Barsa i Inter gi menuvaat Eto i Ibrahimovik!?
Се поголеми се шансите за размена на двата голгетери, откако управите на клубовите се договорија за условите за размена, по што останува уште Ето да прифати трансфер во Милано, со што ќе се реализира најавуваната размена.

Според шпанскиот El Mundo Deportivo, со доплата од 10 милиони евра од страна на Барселона, и двата клуба, но и Ибрахимовиќ се согласни на ваква размена. Ето, причините за колебањето ги бара во неговата желба да остане во Шпанија, бидејќи таму се играл најдобриот фудбал.

Ибрахимовиќ долго време најавува дека нема намера да остане во Интер и смета дека со трансферот во Барселона би имал најмногу шанси  да ја освои посакуваната титула во Лигата на Шампиони. Интересно ќе биде да видиме што на ваквиот трансфер ќе има да изјави Мурињо, поради фактот што Ибра беше најдобриот фудбалер сезонава во дресот на Интер

Каде има чад има и оган. Деновивте Реал го купи Кака, но и Барселона очигледно како трансфер цели има единствено врвни фудбалери.

Екипата на Интер, со соопштение на официјалната страна ги отфрли натписите на шпанските медиуми за трансфер на напаѓачот Златан Ибрахимович во Барселона
    Утрово El Mundo Deportivo објави дека екипите на Барселона и Интер постигнале договор за трансфер на Златан Ибрахимович вреден 10 милиони евра како и услугите на Самуел Ето.

Екипата на Интер попладнево со соопштение на својата официјална страна ги отфрли таквите натписи.

“За време на трансфер периодот, наслов во весник е доволно да претвори неосновани гласини во вистина.”

“Тоа се случи денес откако се појави сторија во весникот од Барселона El Mundo Deportivo за наводен договор за трансфер помеѓу Барселона и Интер.”

“Покрај тоа што сторијата е комплетно невистинита, таква зделка е нелогична дури и во очите на неутралните.”

“Затоа тој извештај нема основа.”


По враќањето од репрезентативните обрвски, асот на Барселона, Иниеста, дозна дека ќе мора да паузира два месеци заради повреда на мускулот на десната нога.

До таков заклучок дошле лекарите на Барселона по прегледот со магнетоскопска резонанца. Иниеста мускулот го повреди на првенствениот натпревар против Виљареал. Лекарите на Барселона успеаја да го средат за да може да настапи во финалето на ЛШ, но сега повредата станува посериозна.

Наместо уживање во летниот одмор, сега Иниеста ке треба напорно да се труди да се опорави од повредата за новата сезона. Во последнта сезона одигра 43 натпревари за Барса, што му е најмалку во последните четири години.
                                                                          Барселона

Се е добро, кога добро ќе заврши! Така рекле старите, таков е случајот и со Барселона годинава. Фантастична сезона, од А до Ш, од почеток до крај, од голман до центарфор, од тренер до чистач на копачки :). Барселона неверојатна, смирена, стрплива, со својот стил на игра, без бранење во ниеден од натпреварите сезонава. Затоа успеаа на три фронта, затоа капата долу пред гигантот.

Синоќа беше дуелот на титаните за највредниот-европскиот трон, Барса против Манчестер Јунајтед. Кладилниците реално ја пренесоа сликата за изедначеноста. Стручњаците низ светот го фаворизираа Јунајтед, пред се заради суспензиите на одбранбените Алвес и Абидал.

Но, кога во нападот го имате триото Меси, Анри и Ето, кога во средината играат Чави и Иниеста, кога во текот на сезоната сте постигнале над 150 гола како екипа на сите фронтови, никој неможе да те оспори, ниедна статистика на светот, ниеден стручњак на светот, никој!

радоста

** мае гери на Пике **

Мечот може да се подели на два дела, но многу нееднакви. Првите десет минути кои му припаднаа на Манчестер, кога упатија пет удари кон Валдес, и наредните осумдесет кога каталонскиот гигант ја играше својата игра, кога островскиот гигант неможеше да се препознае.

Фергусон згреши на овој натпревар уште со старниот состав каде Тевез мораше да игра место Гигс, а и Бербатов како ,,деветка“ ќе завршеше поголема работа. Роналдо мораше да игра десно и да го напаѓа стариот Силвињо (за бразилецот големо браво, залужено е во Барса сеуште). Впрочем Роналдо играше секаде освен на својата природна позиција.

Гвардиола го доби мечот со доста самоуверена игра. Мислам дека голот на Ето влијаеше доста позитивно за тимот. После голот се одеше лесно. Немаше бункер, немаше позиционирање во зона, го немаше Хидинк. Ферги се обидуваше со сите адути, но немаше одговор за технички совршената игра на каталонците.

Како поедници мислам дека заслужуваат да се издвојат малите ,,колоси“ Чави и Иниеста. Статистиката по мечот покажа дека тие истрчаа најмногу од целиот тим, и по два километри повеќе од најдобрите во таа статистика кај Јунајтед. Чави царуваше комплетно во средината и не загуби ниедна топка. Асистираше брилијантно за голот на Меси. Во својата најдобра сезона Андрес Иниеста го одигра совршено и финалето. Како фурија влегуваше низ одбраната, изнудувајќе значајни слободни удари, и асистирајќи на соиграчите. Секоја чест за двајцата.

dolu manchester 

** Победи подобриот **

Голема пофалба треба да се оддаде и на одбраната, која беше најоспоруваната пред мечот. Пујол, Туре, Пике и Силвињо немаа утка, и одиграа далеку подобро од многу поценетите Рио Фердинанд и Видиќ. Ето го сврте текот на натпреварот со постигнатиот гол и заслужува честитки, а Лео Меси со прекрасниот гол се промовираше во играч на сезоната и освојувач на ,,Златната топка“.

barca

** трета титула сезонава **

И како што почнав, убаво е кога убаво се заврши. Благодарен сум на Барса што цела сезона играше прекрасен фудбал, што видовме голови и голови. Нека се множат титулите, нека се здрави играчите, нека поработат стручњаците летото на отстранување на недостатоците, за догодина да го повториме успехот. Пред тоа секако во септември на ред е Супер Купот на Европа :). Напред Барса!!!

::Clock::
Arhiva
« » sij 2012
  • p
  • u
  • s
  • č
  • p
  • s
  • n
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31
:Brojac poseta:
Index.hr
Nema zapisa.